СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Од:

Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема, каде завршуваат парите на граѓаните од тендерите кои ги добиваат двете омилени фирми на власта, Пирамид билдинг и Ленди груп. За два месеци 96 милиони денари или 1,56 милиони евра добиле омилените фирми на Орце и на ВМРО-ОКГ од Град Скопје каде тој е градоначалник, велат од СДСМ.

„20 милиони денари е тендерот за Пирамид Билдинг со склучен договор на 05.12.2026 година. 76 милиони денари е тендерот за Ленди Груп со склучен договор од 28.01.2026 година. Едни исти фирми, на централно и на локално ниво добиваат тендери и ние да им се извиниме? Да не треба да му се извинуваме на Орце и за 56те тендери на Пирамид билдинг, каде е татко му на шефот на Кабинет на Мицкоски, Нелоски?

Или да се извинуваме и 74те тендери на Ленди груп вредни 17.5 милиони евра? Вие да делите тендери и да се луксузирате на грбот на народот со авиони, часовници, чанти а народот кој не може да врзе крај со крај да ви се извинува? Извини Орце, да не се малку тендери, да не треба повеќе? А што се однесува до чантата, следниот пат кога ќе објавуваат слика, прво нека ја проучат разликата од таа што неговата сопруга ја носи на промоцијата со онаа којашто ја објави денеска, очигледна е. Да да, и ние и граѓаните веруваме дека чантата е 944 денари. Веруваме да, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема