СДСМ: Молк во ВМРО-ДПМНЕ за опструкциите и нивната улога во лажните дојави со бомби

Од:

ВМРО-ДПМНЕ молчи за опструкциите и нивната улога во лажните дојави за поставени бомби.Со повик за непочитување на новите протоколи, од страна на функционери на ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија ја попречува работата на институциите во спроведување на мерките со справување со дојавите за поставени бомби во училиштата велат од СДСМ.

– Со вакво неодговорно однесување, ВМРО-ДПМНЕ застанува зад хибридните напади, чија цел е создавање немир, тензии, недоверба и страв кај граѓаните. Новите протоколи се изработени од експерти и со нив се гарантира безбедноста на учениците и наставниците, како и непречено одвивање на наставата. ВМРО-ДПМНЕ да престанат да ја опструираат и поткопуваат работата на институциите кои работат на обезбедување целосна безбедност на децата, на неутрализација на проблемот и овозможување непречена настава се наведува во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел