СДСМ: Мизрахи по нарачка на Мицкоски и Груевски го крши Уставот и го прекршува Договорот од Преспа

Од:

„Техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи мора да биде разрешена бидејќи свесно и намерно го крши Уставот и го погазува Договорот од Преспа со што на ризик ги става односите со соседите и процесот на евроинтеграциите.

Мизрахи, како министерка во преодната Влада, наместо да се стави во функција на обезбедување на слободни и демократски избори, таа како кадар на Никола Груевски и Христијан Мицкоски, одлучи да спроведува наредби дадени од Белиот дворец и од Будимпешта“, велат од СДСМ.

„СДСМ го достави предлогот за разрешување на Рашела Мизрахи во Собранието, бидејќи нема компромиси за непочитување на Уставот и очекуваме таа да биде разрешена на првата наредна седница на Собранието.

Граѓаните знаат дека за опозицијата ситно-партиските интереси се поважни од иднината на државата и дека упорно се залага за враќање на режимот.

Затоа граѓаните на 12 април ќе порачаат – режим никогаш повеќе!“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ