СДСМ: Миноски треба да знае дека нема да биде поштеден од одговороност заради неукост

Од:

 
Министерот за финансии, Миноски е упорен во намерата да биде камиказа за македонската економија.
 
Новиот послушник на Груевски, со мандат од помалку од 1 месец, упорно сака да го зголеми јавниот долг и да ги задолжи граѓаните за 650 милиони евра, без камати.
 
Миноски се води по девизата ученикот да го надмине учителот во брзината на зголемување на задолжувањето, на штета на граѓаните!
 
Со ова најавено задолжување, јавниот долг и официјално ќе помине ниво од 5 милјарди евра и вртоглаво ќе скокне на 54% од БДП! Ова високо ниво на јавен долг, ги поминува дури и сите таргети коишто ги остави Ставрески, со трошење за чоколадо кога граѓаните немат за леб.

Ставрески очигледно со причина се пушти од орото и го напушти бродот што тоне, а и Богов срамежливо се повлекува на страна од лудилото на задолжувања.
 
На Миноски му требаа 3 дена за да воопшто се запознае со законот за јавен долг. Како што го манипулираа со ребалансот, сега оние што го убедуваат да стави криминален потпис му подметнуваат соопштенија со кои министерот изгледа смешно пред домашната и меѓународната јавност.
 
Миноски треба да знае дека нема да биде поштеден од законска одговроност заради неукост, како што нема да биде поштеден ни неговиот Господар. Секој инволвиран во ова финансиско злосторство, ќе одговара, велат од СДСМ. 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски