СДСМ: Милионите кај провладините медиуми ја потврдија потребата за регулација на медиумскиот простор

Од:

Колку ВМРО-ДПМНЕ ги потценува граѓаните покажа денеска со тоа што го испрати Илија Димовски, човекот што се закануваше со „спружување на насловна“ страна, да говори за европски стандарди во медиумите.

Граѓаните ги видоа „стандардите“ на ВМРО-ДПМНЕ што донесоа медиумски мрак, корупција и злоупотреба на медиумите за извртување на вистината, платени со пари на граѓаните, соопштуваат од СДСМ.

Само во Сител, Канал 5 и Алфа, во последните три години завршиле 13 милиони милиони евра, пари на граѓаните!

a prihodi Kurir (1)1

Затоа Никола Груевски не сака слободни и објективни медиуми. Бидејки нема да може да нарачува прилози, очајно и безобразно да лаже, а тоа да се врти по цел ден на телевизиските програми.

Милионите на сметките на Сител, Алфа и Канал 5, пари на граѓаните, се една од причините зошто без да се обезбедат услови за објективно известување во медиумите не се можни фер и регуларен предизборен и изборен процес.

ВМРО-ДПМНЕ цело време го кочи спроведувањето на Договорот од Пржино и неговата имплементација во целина.

ВМРО-ДПМНЕ ги проби сите рокови и тоа за повеќе месеци. За медиумите требаше се’ да се заврши на крајот на август, минатата 2015 година, а прочистувањето на Избирачкиот список е незавршена обврска поради донецење на изборот на ДИК цели 5 месеци.

Јасно е, Никола Груевски се плаши од фер, слободни и демократски избори затоа што ќе го стигне казната што им украде 10 години живот на граѓаните и ќе се соочи со одговорноста за целокупниот криминал, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус