СДСМ: Мицкоски злоупотребува човечки трагедии за сопствена промоција

Од:

„Целосно заглавен во деструктивноста, не можејќи да се помири со успехот на Македонија, антинародниот Христијан Мицкоски паѓа се пониско.

Мицкоски злоупотребува дури и човечки трагедии и тоа го смета за сопствена промоција.

Криминалниот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон здравјето на граѓаните, скандалите со паралелниот увоз на лекови, придонесе да опадне опфатот со вакцинација во 2014 година, а со тоа и да се намали колективниот имунитет. Мицкоски молчеше.

Мицкоски со години беше дел од криминална власт која го уништуваше здравството, ги потценуваше лекарите и ги погазуваше правата на пациентите. Мицкоски не кажа ниту збор, беше посветен единствено на бизнисот со хидроцентралите.

Неодговорното ВМРО-ДПМНЕ со години лажеше за Клинички центар, а потпишало договор за изградба на Клинички центар што немал одобрение за градба од страна на Министерство за транспорт и врски. Мицкоски молчеше, фокусиран да ја поскапи струјата за 100 отсо.

Затоа неговите однапред снимени обраќања се лицемерни, нерелани и полни со лажна загриженост.

Борбата на институциите со епидемијата на морбили продолжува, се преземаат сите неопходни мерки.

Граѓаните ги прифаќаат препораките на Министерството за здравство и секојдневно расте бројката на вакцинирани. Досега вакцинирани се над 6.000 лица со МРП вакцината и над 50 отсто од невакцинираните деца“, се вели во реакцијата на СДСМ на обраќањето на Христијан Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците