СДСМ: Мицкоски со Апасиев станаа едно, здружени против ЕУ

Од:

Христијан Мицкоски со своето анти ЕУ и анти НАТО дејствување остана сам и изолиран. Единствената поддршка што ја има е од неговиот партнер Димитар Апасиев и неговата проруска партија Левица велат од СДСМ.

– Мицкоски и Апасиев заедно работеа на дестабилизација на државата, заедно ширеа лажни вести и хистерија, заедно креираа крвави сценарија што не им успеаја. Никој веќе не верува во лагите на Мицкоски уште помалку некој го поддржува во идејата за референдум која служи само за негова лична, внатрепартиска употреба. Поради таквиот однос Мицкоски се испокара со коалициските партнери, затоа и другите опозициски партии му го свртеа грбот. Остана Мицкоски осамен, придружуван единствено од Апасиев со кого заедно работат за туѓи центри на моќ се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

Мицкоски најавува одбрана од европскиот енергетски шок: Јаглен од Косово и рестарт на ТЕЦ „Неготино“ за да нема поскапување на струјата

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски лаже дека СДСМ донела одлука за влез на Алта банка

(ВИДЕО) Надзорна расправа: Со одлука на владата на СДСМ во 2023 бил дозволен влез на Алта банка, вели Мицкоски