СДСМ: Мицкоски слугува на туѓи интереси

Од:

„Христијан Мицкоски слугува на туѓи интереси кои не сакаат нашата земја да стане дел од ЕУ и НАТО, кои се против напредокот и интеграцијата.

Затоа Мицкоски е фрустриран и не може да се помири што премиерот на државата и претседател на СДСМ Зоран Заев жестоко ги брани националните и државни интереси како што се членството во ЕУ и НАТО“, соопштуваат од СДСМ.

„Уште еднаш се потврдува дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се на спротивната страна од интересите на државата и граѓаните.

Но Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да знаат дека и покрај сите лажни вести, манипулации, покрај сета нивна деструктивностн, успехот во нашите стратешки цели на државата и граѓаните не може да се запре.

Напредокот во реформите и интеграцијата продолжува. Северна Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ колку и тоа да не му се допаѓа на Мицкоски“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Го поддржуваме протестот и барањата на работниците

Горан Наумовски

Нелоски: Татко ми има право на приватен бизнис, фирмата никогаш не добила тендер

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

ВИДЕО: Тендерската мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски, тврди СДСМ

Онлајнмедиа со осуда за прес конференцијата на СДСМ: Партијата не смее да дискредитира медиуми

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски