СДСМ: Мицкоски се затвори самиот себе си, со Апасиев, единствени против ЕУ

Од:

Христијан Мицкоски е познат по две работи. По промашени прогнози за економски и политички случувања во земјата и по тоа што е во целосно заложништво на Левица и Димитар Апасиев. Од тоа кога Мицкоски велеше ќе нема доволно струја, ќе има рестрикции и ќе се случи колапс, па се до промашените прогнози за ново мнозинство од 61 пратеник во Собранието кое никогаш не се случи велат во реакцијата на денешните изјави на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

– Тоа се неговите единствени константи, промашувања и заложништво на Апасиев. Ништо друго. Заедничко за Мицкоски и Апсиев е нивната определба да бидат против ЕУ и против европската иднина на земјата и сите наши граѓани. Денеска по којзнае кој пат Мицкоски го потврди тоа. Со оваа деструкција Мицкоски се затвори самиот себе си, заедно со Апсиев, неговиот идеолошки лидер, со кого заедно се единствените политичари против ЕУ. Апасиев го вози Мицкоски, тој е негова инспирација и со него се натпреварува како да го закочи патот кон ЕУ и кој поголема штета ќе предизвика на државата, на идните генерации. СДСМ заедно со граѓаните, заедно со сите проевропски партии во земјата тоа нема да го дозволи. Подготвени сме, ќе бидеме предводник на проевропската коалиција и во иницијативата да се направат сите неопходни реформи и уставни измени за да го продолжиме патот кон Европа, се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива

Мицкоски се сретна со Пленковиќ – регионалната соработка и европската перспектива во фокусот на разговорите

А1он

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО