СДСМ: Мицкоски се загуби, наместо да се извини за криминалите на Груевски, тој се мачи да го оправда

Од:

„Наместо да се извини и огради од 11 годишните злодела на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, изгубениот Христијан Мицкоски се уште се труди да го одбрани криминалот на својот ментор“, соопшти СДСМ.

„Бројни судски пресуди како што се предметите Титаник, Тенк, Тврдина – Таргет, Плацови на Водно каде се изречени правосилни затворски казни за голем број високи функционери на партијата, како и за Никола Груевски, се потврда на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Скопје 2014“ е барокна пералница на речиси една милијарда евра народни пари и нема бегање од одговорноста за сторен криминал.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се уште се обидуваат да го рехабилитираат Груевски, односно ставајќи се во одбрана на криминалот, наместо да застант зад интересите на граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата