СДСМ: Мицкоски се заглави со сопствената мрежа на обиди да ги одбрани криминалите на режимот и нивните тајкуни

Од:

Христијан Мицкоски се заглави со сопствената мрежа на обиди да ги одбрани криминалите на режимот и нивните тајкуни, реагираат од СДСМ на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Покрај тоа што мавташе со наводни документи за искази и вештачења, Христијан Мицкоски случајно или не повторно призна дека ВМРО-ДПМНЕ има материјали од предистражни дејствија односно материјали од нелегално следење на комуникациите.

Поседување на изјави од предистражни дејствија и наредби од истрага е кривично дело, а оној што ги споделил таквите документи не може да биде свиркач туку вршител на кривично дело.

Манипулациите со вакви документи пак ја поткпува истрагата и целиот процес за случајот Рекет.

Залудно се правда Мицкоски, јасна е неговата спрега со одбрана на криминалците и тајкуните од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Стана совршено јасно кој ги лиферува доверливите материјали на медиумите со цел да влијае врз истрагата или да ја насочи во погрешен правец.

Христијан Мицкоски ги покажа неговите вистинските намери, да работи против правната држава, да ги кочи процесите и да го загрозат датумот за почеток на преговори со ЕУ.

Овие јалови обиди на Мицкоски да се попречи правдата и да се спасат криминалците од одговорност, со сигурност, пропаѓаат.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница