СДСМ: Мицкоски промаши се што кажа за струјата

Од:

Во време на најтешка енергетска криза во светот, владата предводена од СДСМ обезбеди сигурна и стабилна испорака и ценовна стабилност на на електричната енергија.Паднаа во вода сите лаги и невистини на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, со кои ширеа страв и паника кај граѓаните велат од СДСМ.

– Мицкоски велеше дека нема да имаме струја, а за прв пат среде зима се врши и извоз на вишоци електрична енергија од домашно производство. ВМРО-ДПМНЕ ги плашеше граѓаните дека ќе има рестрикции, дека нема да има доволно електрична енергија, а за прв пат во 70 години, со полна пареа работат сите енергетски капацитети во државата и задоволуваат 100 проценти од потребите. Цената на електричната енергија не се зголемува, со што пропаднаа апокалиптичните сценарија на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Напротив, цената на струјата е намалена за 20 проценти, за околу 70.000 мали компании, коишто се на регулираниот пазар, а 99,2 проценти од домаќинствата немаат зголемени цени на електрична енергија. Се што кажа Мицкоски промаши се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива

Мицкоски се сретна со Пленковиќ – регионалната соработка и европската перспектива во фокусот на разговорите

А1он

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО