СДСМ: Мицкоски повторно е поразен, парламентарното мнозинство е стабилно

Од:

„Владата предводена од СДСМ има стабилно парламентарно мнозинство, што се покажа со гласањето доверба во Собранието, а ВМРО-ДПМНЕ повторно е фатено во лаги дека само што не направиле ново парламентарно мнозинство, дека Владата ќе падне, дека губитникот Мицкоски ќе стане премиер.

Лагите на Мицкоски за некакво ново мнозинство се наменети исклучиво за негови внатрешни партиски потреби, за борбата за превласт во „Белата палата“, велат СДСМ.

„Колку повеќе Мицкоски е загрозен внатре во партијата, толку повеќе неговите пратеници ја опструираат работата во парламентот.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, со месеци не влегуваат во салата кога се одржуваат седници со цел да не се исполни кворумот за работа. Преку комисиите со кои претседаваат пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да го кочат носењето на важни закони во интерес на граѓаните и државата.

Сето тоа им се удри од глава на седницата на која беше изгласана доверба на Владата. Разбиена е фатаморганата на Мицкоски, потонати се лаги на ВМРО-ДПМНЕ.

Со опструкциите не постигнуваат ништо, освен што им нанесуваат штета на граѓаните и затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имаат шанса да научат нешто од овој пораз.

Со или без ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, како одговорно парламентарно мнозинство, продолжува да носи законски решенија важни за граѓаните и за иднината на нашата држава“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он