СДСМ: Мицкоски останува на браникот за одбрана на криминалот на Груевски

Од:

По обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека СДСМ имала сомнителни трансакции, од владеачката партија велат дека ревизијата потврдила дубиозно финансиско работење на ВРМО-ДПМНЕ и велат дека Мицкоски останува на браникот за одбрана на криминалот на Груевски.

„Години наназад, СДСМ е политички субјекти со кристално чисто финаниско работење и затоа во финансиските извештаи се констатира вистинитост и објективност а начинот на владеење покажува отченост, транспратеност и одговороност. ВМРО-ДПМНЕ е целосна спротивсност. ВМРО-ДПМНЕ е симбил, синоним за криминално владеење, провизии, лични богатења врз грбот на граѓаните неспособност. Тоа го потврдија 11-те години власт на ВМОР-ДПМНЕ. Ревизорскиот извештај за финансиското работење на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека на сомнителен и незаконски начин се работело и во самата партија“, велат од СДСМ.

Од СДСМ додаваат дека според извештајот за 2016 година ВМРО-ДПМНЕ незаконски имала три сметки, исплаќала пари за консултантски услуги без фактури а се откриваат сомнителни односи и постапки пред надлежни органи за како што велат, милионскиот „бел дворец“ односно партиското седиште.

Додека граѓаните се бореа со долгови и сиромаштија, ВМРО-ДПМНЕ потрошила 386 000 евра за изработка на над 200 уметнички слики, но притоа нема фактури што ќе докажат каде завршиле тие пари. Ревизорот меѓу другото ги наведува и начинот на плаќање, уплата и евидентирање на членарината, непостоење на пречистени текстови на закони и неусогласеност на Упатството за распределба на буџетските пари за годишно финансирање на партиите со одредбите од Законот за финансирање на политичките партии. Со еден збор хаос“, додаваат од СДСМ.

Од СДСМ го прашуваат Мицкоски, дали и што му должи на експремиерот Никола Груевски.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасков: СДСМ со нови детали за скандалот со директорката – Кој стои зад вмровските шеми во Еразмус+?

(ВИДЕО) Јанковиќ: Нов скандал во Националната агенција Еразмус, Ана Михајлов осомничена од ОЛАФ назначена за в.д директорка?

(ВИДЕО) Битиќи: Срам за Владата, работниците и пензионери не се виновни за поскапувањата

Горан Наумовски

СДСМ: Се партизира секоја позиција, па дури и личните асистенти за децата со посебни потреби

СДСМ: Обвинителство да поведе кривична постапка за началникот Роберт Мартиноски и да ја прошири истрагата

СДСМ: Откако МВР призна вина, началникот на Тошковски мора кривично да одговара