СДСМ: Мицкоски останува на браникот на криминалот, корупцијата и расипништвото

Од:

„Христијан Мицкоски одново пропушти прилика да се дистанцира од политиките на поделби и деструкција на неговиот претходник Никола Груевски што беа силно поразени од мнозинството граѓани.

Со тоа Мицкоски покажува дека останува на браникот на криминалот, расипништвото и корупцијата што неговата партија и неговиот Груевски ги правеше цели 11 години.

Мицкоски досега е запаметен единствено по продолжување на деструктивните политики и ширењето на лажните вести.

Македонија тргна напред како едно општество за сите, модерна држава пријател на регионот и Европа и никакво деструктивно дејствување на ВМРО-ДПМНЕ нема да го запре процесот на реформи, интеграција и развој“, се вели во реакцијата на СДСМ на јавно изнесените ставови на Христијан Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат