СДСМ: Мицкоски останува анти ЕУ политичар, кој работи за туѓи интереси

Од:

Во време кога пред државата е отворена историска шанса за продолжување на европскиот пат, Мицкоски прави сé да ја оддалечи земјата од ЕУ. Мицкоски останува деструктивен политичар, кој го блокира остварувањето на уште една стратешка цел на државата, членство во ЕУ, велат од СДСМ.

– Со тоа Мицкоски работи и против македонскиот јазик во ЕУ, против интересите на граѓаните за подобар животен стандард, повисок економски раст, повисоки плати и пристап до европските фондови. Мицкоски, поразително и за неговата партија, одработува за туѓи интереси и против ЕУ. Секој што сака да ја држи земјава надвор од ЕУ, изолирана, работи директно на штета на врвните национални и државни интереси. Македонија, по 17 години чекање ги започна преговорите со ЕУ и сега потребно е забрзување на процесот со крајна цел полноправно членство во ЕУ до 2030 година, се вели во соопштението од партија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари

Антимон од рудник во кривопланечко ќе се извезува во САД, најави премиерот

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги информиравме сојузниците во НАТО и ЕУ за обид за дестабилизација од опозицијата на протестот на студентите

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците