СДСМ: Мицкоски опкружен со дилери и криминалци, ДПМНЕ е опасност за граѓаните

Од:

Мицкоски е опкружен со радикали, лица фатени со кокаин, лица што се бават со недозволена трговија со дрога и оружје. Јавноста го виде Мицкоски во друштво со дилер на дрога и оружје од Струга, кој неодамна е приведен, а претходно како седи на иста маса со лице од Грчец уапсен за трговија со 32 килограми дрога, вредна 120.000 евра, велат од СДСМ.

– Мицкоски имал средби и со осомничениот за двојното убиство што ја потресе македонската јавност Палевски, кој беше близок соработник на режимот на ДПМНЕ, јавно го поддржуваше Мицкоски, но и нивниот коалициски партнер Левица, ДПМНЕ стана гнездо на подземје и криминал со дрога. Со дрога беше фатен и истакна член на ДПМНЕ, соработник на Мицкоски од Пештани. Не е воопшто случајност што уапсени шверцери со дрога седат на иста маса со Мицкоски по кафеани. ДПМНЕ со години е едиствена партија која овозможува заштита на ваквите структури и партија каде се чувствуваат безбедно. Радикални групи, националисти, насилници а сега и шверцери на дрога имаат очигледно влијание врз Мицкоски. Доколку ДПМНЕ дојде на власт кој ќе ја води државата? Тие се разбира. Вакво ДПМНЕ претставува опасност по сигурноста на граѓаните, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Муцунски, Ѓорѓиевски и Љутков го заглавија проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“

СДСМ: Им дадоа ваучери на младите студенти, па им ги поништија

ВИДЕО: Од 3.000 сакаат да земаат 5.000 евра плата, Мицкоски за судиите

Нема место за Села во Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Груевски од Будимпешта го контролира ВМРО-ДПМНЕ

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС врие и револтот од Филипче веќе никој не го крие, наместо промени, партијата ја движи кон поголема пропаст