СДСМ: Мицкоски лично ќе гарантира дека Вјоса Османи нема да ги помине законските безбедносни процедури

Од:

Мицкоски влезе во улога на полицаец и обезбедувач кој во иднина ќе ja спроведувал лично Претседателката на Косово Вјоса Османи, да се избегнеле скандали. Оваа изјава е скандал сама по себе. Дали ова значи дека во иднина тој лично ќе и гарантира дека не треба да ги помине и почитува пропишаните процедурите? Каква е оваа порака на непочитување кон професионалците од МВР и аеродромот кои доследно ги спроведувале процедурите, велат од СДСМ.

„Со ова Мицкоски потврдува дека повторно доаѓа време кога законите не важат, а процедурите може да се кршат според волјата на султан Мицкоски и неговите коалициски партнери.

Јавноста треба да знае дека при иста идентична ситуација во времето на СДСМ и барање на косовската Претседателка да помине надвор од пропишаните процедури, јасно и било кажано како треба тоа да го стори и токму на тој начин се спровела проверката.

Тогаш немало пиштолџии кои доаѓале на аеродромот да му се закануваат на обезбедувањето кое професионално ги спровело процедурите. Тогаш немало јавување по телефони и политичко влијание од страна ниеден политичар и затоа немало ниту скандал.

Со изјавата дека следниот пак ќе ја придружува косовската претседателка на аеродром за да се избегнат инциденти, Мицкоски исто така ја прејудицира и влијае на истрагата на Обвинителството и особено на делот на Обвинителството задолжен за прекршоци од страна на полицијата, иако е јасно кој и како ги прекршил законите. Прво, тоа е Африм Гаши испраќајќи го своето обезбедување, и второ обезбедувањето“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: СДСМ води ПР-стратегија со која истура лаги и не се бори за граѓаните

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство

(ВИДЕО) Тренчевска: Мицкоски бараше техничката влада да остане до влегувањето на Македонија во ЕУ

Горан Наумовски

Мемов: Конфузија и раскол во СДСМ околу Законот за Влада

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски