СДСМ: Клековски денес призна и за жолтица во Гостивар– време е кривично да одговара

Од:

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска изјави дека акутната фаза на епидемијата во Гостивар постепено се смирува, а фокусот сега е на навремено откривање на хепатит А и Е. Претходно самиот призна дека алармот им се вклучил доцна, дека „црвените светла“ закасниле, вели Кристијан Дојчиновски од СДСМ.

– Резултатот е цел Гостивар отруен, над 4,000 граѓани разболени. Никој од кадрите на ВМРО-ОКГ не презел ништо за заштита на здравјето на гостовачани, никој не контролирал ништо. Отровна вода 22 дена ги труела граѓаните на Гостивар. Сега Клековски признава појава на жолтица. Токму она што проф. д-р Венко Филипче го кажа уште минатата недела – дека ќе се случи и дека тие не знаат да управуваат со криза.

Признанијата на Клековски не им вредат на граѓаните, време е кривично да одговара! Јасно е дека човек како Клековски, без знаење и без стручност, не може да се носи со ваква ситуација. Прво ја доведоа до оваа точка. Потоа ги криеја податоците и ја префрлаа одговорноста заради политички поени. Сега ќе доведат до сериозни последици за здравјето на жителите на Гостивар. Кај нив гласовите секогаш се поважни од животот и здравјето на луѓето. Тоа е организираната криминална група која мисли само на своите тендери, а не на граѓаните. Тоа се тие прочуени тендер-патриоти, рече Дојчиновски.

Би можело да ве интересира

Клековски: Ако сѐ биде во ред, есента 2027 ќе продолжиме со изградбата на клиничката болница – Штип

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?

Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка

(ВИДЕО) СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе месечно за студентски оброк и стипендии од 8.000 денари