СДСМ: По Гостивар, Крушево, Маврово и белата пена во Вардар, сега и Булачани – Мицкоски, Тошковски и ВМРО-ОКГ ја отруја цела Македонија

Од:

Официјално известување од ЈКП „Гази Баба 2007“: Водата во населено место Булачани не смее да се користи за пиење. Примерокот отстапува од критериумите за безбедност и квалитет на вода за пиење.
Се претпоставува дека е последица на обилните поројни дождови. До дополнителни резултати – забрана за пиење останува на сила. Ова е веќе осми случај, велат од СДСМ.

– Гостивар – труење, хиперхлорирање, „техничка вода“, сè уште без официјален потпишан извештај. Крушево – вода заматена и микробиолошки неисправна затоа што уредот за хлорирање еден час немал струја.Маврово – привремено не е за пиење.Лепенец и Вардар – бела пена, четири дена тишина.Сега – Булачани.Мицкоски, Тошковски и организираната криминална група ВМРО-ОКГ ја отруја цела Македонија. Граѓаните пијат отров. А одговорни – нема. Мора да се знае кој е одговорен за извештајот од анализите на водата. Мора да знаеме кој ќе сноси кривична одговорност за тоа што се случува низ целата држава. СДСМ бара итно да се направат анализи на водата во цела Македонија, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“