СДСМ: Кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува поскапување

Од:

Горивата повторно поскапуваат. Дизелот за 4,5 денари, бензините за 3 денари по литар, од полноќ вечерва. Како што рековме. Секогаш кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува поскапување. Овојпат се надмина себеси. По најавата – не еднаш, туку двапати се случи поскапување на горивата, велат од СДСМ.

– Граѓаните веќе имаат страв од „мерките“ на Мицкоски. Знаат дека ќе поскапи сè, не само горивото. Економијата е во колапс. Потрошувачката кошничка расте, граѓаните осиромашуваат. Нема зголемување на платите. Наскоро нема да има ниту за пензии. Владата се задолжи кај МЕПСО, кај Навигација и кај Лотарија за да го враќа кинескиот кредит. Со Мицкоски сè е лотарија. Само што тој секогаш добива, а граѓаните секогаш губат, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

Мицкоски: Предвремени парламентарни избори ѝ одговараат на ВМРО-ДПМНЕ, но не се добри за државата

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

(ВИДЕО) Мицкоски: Судскиот процес во рамки на правосудниот испит ќе се симулира на македонски јазик