СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ застанаа на спротивната страна од правдата и одговорноста

Од:

Штитење на криминалци и сокривање на криминалот е одлика единственo на ВМРО-ДПМНЕ. Единствениот криминален октопод е сместен во Будимпешта и е раководен од Никола Груевски а ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се само неговите пипци кои очајно се обидуваат да го одбранат неговиот криминал, реагира СДСМ на прес-конференција на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение.

„СДСМ покажа дека борбата против криминалот не познава партиска припадност и таа треба да биде бескомпромисна и неселективна. Доказ за тоа е и новиот Закон за јавно обвинителство кој наскоро влегува во собраниска процедура. Закон за кој ВМРО-ДПМНЕ очајно бара алиби да не го прифати.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ избегаа од лидерската средба и застанаа на спротивната страна од правдата и одговорноста.

Република Северна Македонија е правна држава во која владеат законите. Секој оној за кој ќе се докаже дека постпапувал незаконски ќе одговара.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он