СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се главен извор на лажни вести

Од:

„Христијан Мицкоски да им се извини на граѓаните за лагите што тој и неговата ВМРО-ДПМНЕ ги шират секојдневно.

Последната лага од кујната за лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ, сценариото за јавната набавка за М-Нав вчера беше целосно разоткриена“, пишува во соопштението на СДСМ.

„По којзнае кој пат се покажа дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се симбол за лаги, конструкции и измислици.

Освен одбрана на криминалот на неговиот ментор Никола Груевски и ширење лажни вести, Мицкоски не може да понуди ништо што е во интерес на граѓаните и државата.

Со таквото однесување, граѓаните го препознаваат Христијан Мицкоски како извор на лажни вести, а ВМРО-ДПМНЕ како извор на деструктивно однесување спротивно на интересите на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела