СДСМ: Мицкоски е заглавен во етнички поделби

Од:

Жалиме што и после 20 години, безидејните политичари како Христијан Мицкоски се уште обидуваат својата политичка егзистенција да ја остваруват преку сеење поделба меѓу граѓаните велат од СДСМ во реакцијата на најавите дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, нема да присуствува на годишнината од Рамковниот договор.

– Воениот конфликт во 2001 се случи за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога бегалецот и осуден криминал Никола Груевски беше министер за финансии. Охридскиот рамковен договор како документ кој донесе прекин на воените дејствија е потпишан и од ВМРО-ДПМНЕ. Бегањето од одбележување на 20 годишнината од Рамковниот договор е тешко политичко лицемерие кое потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ сеуште е заглавена во поделбите по етнички линии. “Македонија на сите луѓе” се покажа дека е уште една лага, не се прави со игнорирање на концептот на граѓанска држава и со промовирање чисто етнички политики, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат

(ВИДЕО) Кузеска: Јанушев е дел од системот на Мицкоски во кој и возачи земаат мито

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?