СДСМ: Мицкоски да ги надмине погубните политики на неговиот претходник Груевски

Од:

„Фактот што ВМРО-ДПМНЕ претходно го прифати Законот за употреба на јазиците, којшто денес го оспорува, е доказ за лицемерието и за лажниот патриотизам на опозициската партија. Блокирањето на работата на Собранието не може да донесе ништо друго освен блокада на реформските процеси кои се клучни за Македонија да оди напред.

Христијан Мицкоски треба да смогне сили и да успее ги надмине погубните политики на неговиот претходник Никола Груевски коишто промовираат поделби, насилство и омраза и кои се во спротивност со европските вредности. Тоа е во интерес на Република Македонија и на сите нејзини граѓани коишто силно го поддржаа концептот на едно општество за сите“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Христијан Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел