СДСМ: Мицкоски да одговори за средбите со Зоки Кичеец

Од:

„Како што напредува истрагата така нервозата и паниката во ВМРО-ДПМНЕ расте. Нервозата кулминираша со вчерашниот распит на еден од осомничените во случајот „Рекет“, споменатиот Зоки Кичеец.

Јавноста знае дека токму Христијан Мицкоски призна дека се сретнал со Зоки Кичеец. Остана неодговорено прашањето што разговарале Мицкоски и Кичеец и дали нешто му дал? Ако му дал нешто, што е тоа?

Нервозата и паничните реакции на ВМРО-ДПМНЕ нема да им помогне на оние кои ги чека соочување со правдата. Одговороност за сите вмешани во случајот „Рекет“ но и за сите останати предмети мора да има. Јавноста ги чека одговорите. Правда мора да има“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела