СДСМ: Мицкоски брани криминал, за него правдата е нејасна или е грешка

Од:

СДСМ се бори правдата да биде задоволена, граѓаните очекуваат правда, само за Христијан Мицкоски правдата е нејасна или е грешка. Се е јасно, нелегалната аболиција на Иванов мора да се затвори и да се обезбеди одговорност пред законите за сите што ги прекршиле, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во името на заштитата на правдата СДСМ ги повика сите пратеници, од сите парламентарни партии, пред се пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, да го поддржат барањето за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување.

Мицкоски треба да ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат барањето на СДСМ за да се затвори нелегалната аболиција. Потоа може да се дискутира и за други предлози.

Последните скандалозни случувања во правосудството јасно покажуваат дека и зад најавите од Уставниот суд, стојат структури на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ се бори за правдата да биде задоволена, нема да дозволиме амнестии, нема да дозволиме остатоците од режимот и инсталациите од сваровски судството да ја попречат правдата.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски