СДСМ: Меѓународната заедница потврди дека нема услови за избори во април

Од:

Меѓународната заедница денеска го потврди она што СДСМ го говори цело време: на 24 април нема услови за слободни, фер и демократски избори.

Денеска Никола Груевски не собра храброст да се соочи со вистината дека нема услови за фер и демократски избори.

Оценката на Европската унија и САД дека во овој момент потребните услови за организирање на кредибилни избори на 24 ти април не се исполнети и констатацијата дека се уште не е постигнат договор за реформи на медиумите е директна потврда на она што граѓаните веќе го знаат.

Не се создадени услови за фер избори на 24-ти април, се додека не се прочисти избирачкиот список и нема реформи во медиумите.

Уште еднаш се покажа, ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски се единствените коишто од самиот почеток го кочеа процесот на имплементација на Договорот од Прижино.

Граѓаните сега со право очекуваат да се исполнат сите услови за фер и демократски избори преку навремено прочистување на Избирачкиот список и преку навремена регулација на медиумите.

Правото на слободни избори и демократски изразеното право на глас на секој граѓанин во Република Македонија мора да биде обезбедено и гарантирано, се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Томовски: „Јака работа“ завршил антикорупцискиот тим на СДСМ, го објавиле мојот број кој е јавно достапен, за клеветите следува тужба

ВИДЕО: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара со Велика Британија за мигранти, прашува СДСМ

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Семејна фирма на Томовски од СОЗР ги „чисти“ парите на граѓаните и тоа во милиони евра

А1он

СДСМ: Предавникот Мицкоски ја претвора Македонија во мигрантски камп, за пари!

(ВИДЕО) Филипче: Ние ги спремивме новите бомби 2.0 најавувам дека утре следува нова

Горан Наумовски