СДСМ: Лажните вести станаа секојдневие за раководството на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Лажните вести станаа секојдневие за раководството на ВМРО-ДПМНЕ, продажбата на ЕДС е законска и транспарентна. Лажните вести што секојдневно ги рециклира ВМРО-ДПМНЕ нема да го сменат фактот дека економските политики на Владата даваат резултат, ниту пак ќе ги прикријат огромните штети од криминалното и распиничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ“, реагираат СДСМ на соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Продажбата на компанијата ЕДС, за која ВМРО-ДПМНЕ денес шири лажни вести е законска и транспарентна, а јавноста беше информирана и за прецизниот износ за кој компанијата е продадена. Како што е јавно соопштено, компанијата ЕДС била лична сопственост на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, додека останатите 10% биле во сопственост на групацијата Фероинвест, а согласно законите, при продажба на удел во компанија кој е во лична сопственост на физичко лице, купопродажната цена се префрла на лицето кое е сопственик на уделот.

Залудни се лажните вести на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Вицепремиерот за економски прашања Анѓушев и Владата предводена од СДСМ продолжуваат со спроведување на зацртаните мерки и проекти што обезбедуваат повеќе инвестиции, поголеми плати, нови работни места и засилен економски раст“, додаваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат