СДСМ: Лагите на Љутков и ДПМНЕ се параван за покривање на неговите хонорари и хонорарите на неговата сопруга,

Од:

Овие денови јавноста сведочи колку ревносно претседателот на комисијата за култура на ДПМНЕ клевети млади уметници и манипулира за проектите кои ги поддржува надлежното Министерство за култура. Лагите на Љутков и ДПМНЕ се всушност параван, очаен обид за покривање на неговите хонорари и хонорарите на неговата сопруга за наводно „патриотски проект“ кој е финансиран во неколку општини под капата на ДПМНЕ велат од СДСМ.

– Без јавен повик во овој проект е ангажиран ни повеќе ни помалку лично тој и неговата сопруга Маја. Љутков треба да излезе пред граѓаните и да одговори зошто немало јавен повик на кој е избран баш за овој проект? Како тоа општини под капата на ДПМНЕ се сeтија САМО на Љутков како претседател на комисија на ДПМНЕ и на неговата сопруга? Кои се условите што ги исполнува САМО тој и неговата сопруга? Нема ли и други кои Македонија ја носат во срце или само тој со сопругата се тие? Колку искуство има продукцијата за организација на вакви “патриотски” настани? Колку пари му требаат на Љутков за да си го нахрани лажниот патриотскиот дух, односно џебот? На крај дали и Рацинови треба да ги уништи за нови парИ преку едно од многуте здруженија? Јавноста очекува одговори од Љутков и ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните