СДСМ: Комисијата за хартии од вредност да одговори на која седница расправала за еврообврзницата?

Од:

Министерството за финансии, во своето соопштение за планираното задолжување од 650 милиони евра истакна дека еврообврзницата се издава согласно Законот за јавен долг во кој се наведува дека државни хартии од вредност во име на државата издава Министерството за финансии врз основа на одлука на Влада во која се утврдува максималниот износ на ново задолжување преку Државната комисија за хартии од вредност.

Претседателката на Комисијата за хартии од вредност, г-ѓа Чингаровска, има обврска пред граѓаните да одговори на која седница на Комисијата за хартии од вредност на дневен ред било издавањето на нова еврообврзница?

Дали на истата седница се расправало и за износот на задолжувањето?

Исто така бараме да одговори и какви ингеренции има Комисијата за хартии од вредност по однос на Законот за јавен долг?

Граѓаните мора да ги добијат одговорите на овие прашања затоа што Министерството за финансии тврди дека износот од 650 милиони евра е утврден преку Државната комисија за хартии од вредност.

Граѓаните имаат право да знаат кои институции, покрај Никола Груевски, се одговорни за ова финансиско злосторство, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он