СДСМ: Коалицијата ДПМНЕ-Арсовска-Апасиев предизвика катастрофа во Скопје

Од:

Коалицијата на оската ДПМНЕ-Арсовска-Апасиев, која се потврди со гласањето на буџетот на Град Скопје, предизвика катастрофа во главниот град.Повеќе од една година градот стагнира, тоне во бесперспективност поради неспособноста и кавгите за рацете во медот помеѓу Христијан Мицкоски и Данела Арсовска велат од СДСМ.

– Дури и основните услуги на градот не функционираат, јавниот превоз е во колапс, катастрофална е состојбата и во другите јавни градски претпријатија. Наместо реализација на решенија за подобар живот на Скопјани, не се реализираат ниту наследените проекти. Скопје е меѓу најзагадените градови на светот. Средствата за заштита на животната средина се намалуваат, но затоа има средства за партиски вработувања. Со коалицијата ДПМНЕ-Арсовска-Апасиев Скопје за прв пат во историјата остана без јавен превоз, а градската администрација без тонери за издавање документи за граѓаните. Со ВМРО-ДПМНЕ се поврзани градоначалничката, претседателот и мнозинството во Советот, како и најголем дел од членовите на управните одбори на јавните градски претпријатија. Затоа оваа партија е најодговорна за катастрофата во главниот град се наведува во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар