СДСМ ќе поддржи една изборна единица за следните парламентарни избори

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека СДСМ ќе даде поддршка на предлогот на помалите политички партии за избор на пратеници во една изборна единица, што, како што нагласи е и нивно изборно ветување, бидејќи тоа, според него, значи унапредување на демократијата и давање шанса на помалите партии за рамноправност.

– Ние сме за една изборна единица. Уште еднаш напоменувам тоа е унапредување на демократијата и давање шанса на помалите партии, особено, посебно што во државата покрај помали политички партии, имаме и политички партии со етнички признак. Така што тоа дава поголема шанса за поголема застапеност во самиот Парламент, рече Заев.

Со ова, нагласи тој, губат СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, а во мал дел и ДУИ, како поголеми партии, веројатно и Алијансата за Албанците, но добива државата и демократијата.

– Но, исто така, даваме и поддршка на консензуално носење Изборен законик, затоа што не сакаме да бидеме први што ќе прекршат правило и по пат на надгласување да се наметне врз опозиција или врз која било партија и да се надгласа за Изборниот законик. Традиција во нашата земја е дека секогаш се прават напори заради рамноправно учество на сите во изборен процес, Изборниот законик да се носи по пат на консензус, рече премиерот Заев, одговарајќи на новинарско прашање по посета на реконструирана градинка во Карпош.

Тој додаде дека има некакви сигнали дека и опозициската ВМРО-ДПМНЕ би разговарала за ова прашање.

– Испраќам порака да се седне и да се разговара. Навистина со ова добива демократијата. Да го прифатиме тоа што помалите политички партии доминатно го бараат. Ние го прифативме и заради нив, но го прифативме и заради демократското унапредување на изборниот процес. Ред е да седнат ВМРО-ДПМНЕ да се изјаснат со свој став и ако направат подобри проценки, калкулации, верувам дека можат да изградат и позитивен став. Секако тоа останува на нив. И ДУИ се крши, не знаат дали да прифати, дали не, но дефинитивно верувам дека на крајот сите имае должност за демократијата да направиме еден исчекор повеќе и сега тоа го носиме за изборите 2024, рече премиерот Заев.

Дотогаш, нагласи тој, има време сите да се подготват и соодветно да се постават.

Заев истакна оти би сакал претстојните локални избори наесен да се спроведат со отворени листи, затоа што, како што рече, граѓаните покрај тоа што ќе гласаат за своја определба на политичката понуда, ќе гласаат и за личност.

– Со тоа директно се созадава обврска советниците да им должат на граѓаните, да бидат отчетни кон нив и тоа исто така е унапредување на процесот на демократијата. Но, тоа се само ставови на СДСМ, рече Заев.

Пратеници од Деморатскиот сојуз, Левица, ВМРО-НП и ЛДП, поддржани од СДСМ, до Собранието денеска поднесоа Предлог закон за измени и дополнувања на Изборниот законик, со кој се предвидува земјава да биде една изборна единица на следните парламентарни избори, наместо шесте изборни единици во коишто досега се бираа пратеници.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Да се повлече законот за „Скопје 2028“, со него се легализира корупција и се заобиколуваат јавните набавки

Катерина Ѓуровски

Прескокнувањето системски закони е аларм за корупицја – Антикорупциска реагира за Законот за „Скопје 2028“

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Клековски денес призна и за жолтица во Гостивар– време е кривично да одговара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Сè уште нема документ за водата во Гостивар а нови градови се со отровна вода

(ВИДЕО) Штерјова: Мицкоски пак го копира Вучиќ – сè е copy-paste, само со неколку дена задоцнување

СДСМ: По сите пропусти во Гостивар, Мицкоски сега бара алиби во експертите

Горан Наумовски