СДСМ: Ќе одговараат сите за кои низ судска постапка ќе се докаже вмешаност во „Рекет“

Од:

Во белиот дворец, симболот на криминалот и корупцијата, продолжуваат со ширење на лажни вести и невистини, повикувајќи се на дезинформации објавени во медиуми, што говори за степенот на очај во ВМРО-ДПМНЕ. Станува јасно дека како што се развива истрагата за случајот Рекет, така паниката во ВМРО-ДПМНЕ е се поголема, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Попречување истраги, нарачување предмети и пресуди беше одлика на криминалниот режим на ВМРО-ДПМНЕ.

Надлежните институции да откријат како исказот на еден од осомничените стигнал до медиумите, а Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да се изјасни за веродостојноста на објавениот исказ.

Објавувањето на вакви доверливи документи со цел да се поткопа истрагата е кривично дел, а доколку се докаже дека одредени медиуми свесно манипулирале со содржината на документот, мора да следува одговорност согласно правните норми.

Истовремено, ова е уште потврда за потребата од забрзување на истрагата и лоцирање на сите вмешани во случајот Рекет. Нарачателите, извршителите и помагачите и сите вмешани, од прв до последен, да одговараат за своите постапки.

Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку дезинформации да ја наруши постапката, да ја загрози истрагат и да ги заштити криминалците и своите тајкуни, ќе одговараат сите за кои низ судска потапка ќе се докаже вмешаност во овој случај.

Ги повикуваме надлежните институции да го расчистат овој случај но и сите останати предмети и истраги, а виновниците да одговораат без разлика на нивната етничка, верска или политичка припадност.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ