(ВИДЕО) Арсовски: Заев и целото раководство на СДСМ се во длабок очај

Од:

Зоран Заев и целото раководство на СДСМ се во длабок очај. Откако Јавното обвинителство и продолжената рака на Зоран Заев, Вилма Русковска ја потврдија веродостојноста на исказот на оштетениот што излезе во медиумите пред само два дена, целата криминална банда од СДСМ побрза да се заканува до медиумите со тужби до медиумите, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

„Додека се закануваа вчера кон медиумите, никој од нив, ама баш никој не се осмели да објасни што правеле тие самите на средби со осомничените во случајот РЕКЕТ, што разговарале, дали и колку пари земале од изрекетираните бизнисмени и најважното, дали и зошто Зоран Заев ја опструирал истрагата?

Цели 4 месеци, Вилма Русковска го имала исказот на оштетениот и не се ни осмелила да ги повика на разговор ниту Заев, ниту Шеќеринска, ниту фамилијата Ременски, ниту пак синот на Катица Јанева, Лазар Јанев, ниту пак никој друг од раководството на СДСМ кој што на било каков начин е инволвиран во целиот случај.

Да потсетиме дека истата таа Вилма Русковска заради исказ на обвинет во случајот со 27ми бараше да им се изрече притвор на неколку лица, само заради тоа што беа спомнати во исказ на еден обвинет. Ете ги двојните стандарди на дело.

Прашуваме кога ќе биде повикан Зоран Заев во обвинителството и да каже како го штител Бојан Јовановски и да каже зошто ја опструирал истрагата?

Кога ќе биде повикана Радмила Шеќеринска да даде исказ во обвинителството што разговарале со Боки 13 кај него дома и што правел нејзиниот сопруг во домот на оштетениот?

Кога ќе биде повикана фамилијата Ременски која се заканува со апсење на социјалните мрежи?

Кога ќе биде повикан синот на Катица Јанева, Лазар Јанев, и да каже на кој начин ги склучувале договорите за рекламирање на бизнисмените и компаниите со телевизијата. СДСМ и Зоран Заев се готови.

Истрагата се води многу штуро и многу непрофесионално. Но, затоа сепак голема среќа што јавноста врши огромен притисок што побрзо да се разреши.

Бараме веднаш, ама веднаш да бидат повикани и да дадат исказ сите инволвирани во случајот Рекет.

Обрачот се стега околу главата на криминалниот октопод. Зоран Заев е на самиот крај на политичката кариера.

Одговорност мора да има за сите и потребни се предвремени парламентарни избори кои ќе донесат обнова на Македонија!“, наведе Арсовски во обраќањето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Митрески: Мицкоски сака да издејствува амнестија за ексфункционери од ВМРО-ДПМНЕ

Виктор Јованов

ВМРО-ДПМНЕ: Заев не дозволува професионална истрага за рекетот

(ВИДЕО) Арсовски: Заев и Рашковски имаат за цел да изберат 60 судии и јавни обвинители, кои претходно самите си ги одбрале во канцеларии

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Јанушев: Постапувањето на Јавниот обвинител по наредба на лице притворено за тежок криминал е невиден преседан

Ана Ололовска

Мицевски: Парламентарното мнозинство и Заев ја штитат Јанева од разрешување

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Јовевски не смее да прима наредби од лице во притвор

Ана Ололовска