СДСМ: Ќе има ревизија за изборот на младински претставник во РИКО

Од:

„Најавуваме дека ќе биде предмет на ревизија направениот избор на младински претставник во Канцеларијата за соработка на млади од Западен Балкан, РИКО.

Во изборот најдрско се вмеша власта на Никола Груевски, преку фиктивни младински организации и преку Агенцијата за млади и спорт,што е недозволиво.

Избраната Бојана Наумовска не може да брани младински интереси во РИКО бидејќи е советник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Р.М. Таа не го исполнува клучниот критериум, односно не е поддржана од ниту една младинска организација.

Оваа раководна позиција е многу значајна бидејќи организацијата РИКО одлучува колку средства и за што ќе се слеат кај младинските организации во Македонија. Овие организации се дел од младинскиот активизам против невработеноста на младите и иселувањето, за квалитетно образование и други слични прашања, за што младите луѓе треба и мора да бидат оставени да се борат преку свои легитимни претставници, а не личности блиски до власта.

По 11 декеври ќе подлежат на ревизија и сите други контроверзни одлуки што го загрозија младинското организирање. За 44 дена, младите во Македонија слободно ќе одлучуваат за нивниот начин на организирање, за нивните претставници, ќе бидат вклучени во носењето одлуки за сите прашања од нивен интерес и активно ќе ги креираат политиките за нивен квалитетен живот во родната земја“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски