СДСМ ќе го бојкотира изборот на претседател на Советот во Карпош

Од:

Советничката група од „Сојузот за иднината“ во Советот на општина Карпош донела одлука да не учествува во изборот за претседател на Советот на општината.

– Револтирани од начинот на свикување на оваа седница, кој е апсолутно спротивен со Законот за локална самоуправа, Статутот на Општина Карпош и Деловникот за работа на Советот, укажуваме на фактот дека ваквиот каубојски начин на свикување на седница на Совет е мотивиран исклучиво од потребата да се скрие срамот на градоначалникот Стевчо Јакимовски, заради неговото коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ – изјави Магдалена Несторовска, член на Советот од Сојузот за иднината во Општина Карпош.

За таа цел, вели Несторовска, тие не сакале да му помогаат на Стевчо Јакимовски во покривање на неговиот срам.

– Советничката група од редовите од „Сојузот за иднината“ ќе биде конструктивна опозиција, ќе дејствува во интерес на граѓаните и ќе ги прифаќа сите предлози и иницијативи кои ќе бидат за доброто на граѓаните на општина Карпош. Му честитаме на новиот претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на кој му нудиме соработка во интерес на граѓаните во иднина, но нема да учествуваме во неговиот избор – нагласи Несторовска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници