СДСМ: Како „Курир” се стекнал со приходите од 1.3 милиони евра?

Од:

„Четиринаесетти ден провладиниот “Курир” молчи за приходите од 1.3 милиони евра.

Зошто Курир крие кој и на каков начин го финансира?

Професионалните и етички новинарски стандарди подразбираат транспаретно, непристрасно и одговорно работење а тоа за “Курир” очигледно не постои.

Јавноста дозна за приходите од 1.3 милиони евра за фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, сопственик на “Курир”.

Дали Курир молчи поради поврзаноста на фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, фирмата сопственик на“Курир”, со братучедот на Груевски, Сашо Мијалков, преку фирмата НВСП?

Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ. Оваа фирма покрај сопственик на радиото Слободна Македонија сопственик е и на К Три телевизија ДООЕЛ Куманово.

Граѓаните дознаа дека истата оваа фирма, НВСП е основач на агенцијата за обезбедување СГС, што ги обезбедува клучните објекти во државата, зад којашто лично стои братучедот на премиерот во заминување, Сашо Мијалков.

Владислав Стајковиќ освен до Мијалков е близок и до Жарко Луковски, главен и извршен директор на Т-мобиле Македонија и воедно кумашин на братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.

Вистината за Македонија откри дека НВСП, фирмата на Стајковиќ е дел од провизијата од 540 илјади евра што Мијалков ја бара за набавување на опрема за прислушување од Израел.

Што крие „Курир“? Зошто две недели молчи за тоа како се финансира?

Наместо молк и креирање виртуелни вести коишто немаат апсолутно никаква поврзаност со реалноста, јавноста очекува одговори на прашањата кој и на каков начин го финансира “Курир”?“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Поскапени поштенските и курирските услуги

На порталот „Република“ по грешка објавена инструкција како да се напише текст против Заев

Ландов

Европарламентот ќе бара одговори од ЕК за унгарските финансии во македонски медиуми

Основачот на „Курир“, Ацо Мисаjловски и директорот на МТВ, Марјан Цветковски осомничени од СЈО

Кристијан Ландов

Ристоска го демантира Курир: Не живеам на таа улица, ниту сум се сретнала со Заев

Предраг Петровиќ

Курир: Над 70.000 луѓе на митингот во Скопје на СДСМ и Коалицијата

Емир Латифовиќ