СДСМ: Како ќе се наближува денот на изборите, така ВМРО-ДПМНЕ ќе ја зголемуваат продукцијата на лажни вести

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ целосно потона во матрицата на лажни вести, измислици и конструирани случаи.

Излегувањето на прес-конференции на кои освен невистини и лажни, непостоечки сценарија нема ништо ново да се слушне, стана секојдневие кај ВМРО-ДПМНЕ.

Овојпат на говорницата за пласирање на лаги излезе адвокатката Николовска која остана запаметена во јавноста како бранител на обвинетите за 27 април, како и обвинети во предмети кои ги водеше своевремено СЈО. Како вистински бранител на претставниците на режимската влада предводена од Груевски“, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Горан Ѓошевски, Кирил Божиновски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески се дел од обвинетите по разни предмети , зад чија одбрана стои токму адвокатката која денес потврдува дека се залага за враќање и обнова на режимот.

Очигледно е дека како ќе се наближува денот на избори ,така исчадените петарди ќе стануваат секојдневие на ВМРО-ДПМНЕ.

Законот за опојни дроги беше донесен за време на ВМРО-ДПМНЕ , а за него гласале и Милошоски и Стефананџија и Ѓорчев, гласните пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Но, денес како да заборавило ВМРО-ДПМНЕ за овој факт.

Очигледна е безидејноста и очајот во кој е западната оваа партија.

Опозициската партија нема програма, нема идеја и не нуди ништо што е во интерес на граѓаните. Единствено што нуди се лажни вести, озборувања, одбрана на криминалот и обнова на режимот.

На 12 април граѓаните ќе ги поразат политиките на лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ и ќе порачаат режим – никогаш повеќе!“, реагираат од СДСМ на изјавата на Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он