СДСМ: Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада се кадри на Груевски, нивната матрица е режимска

Од:

„Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада се доказ дека ВМРО-ДПМНЕ е управувана од Будимпешта и се уште е заглавена во режимската, груевстичка матрица.

Тимот на Цветан Трипуновски против кого има кривична пријава за злоупотреба на 170.000 едвра, е олицетворение за погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ во земјоделството кога цели 11 години кога земјоделците осиромашуваа, производството пропаѓаше а кадрите на ВМРО-ДПМНЕ се богатеа на сметка на макотрпниот труд на земјоделците“, велат од СДСМ.

„Наќе Чулев пак, којшто сега е во МВР, беше директор на Агенцијата за разузнавање во време кога се случија настаните во „Диво Насеље“. Оваа хипотека на Чулев ќе има негативни импликации во јавноста и кај вработените во МВР но СДСМ нема да дозволи ништо да го загрози изборниот процес ниту сигурноста на граѓаните.

Тимот на Рашела Мизрахи е составен од лица кои се познати во јавноста како дел од режимското владеење на ВМРО-ДПМНЕ и биле дел од креирање на погубниот проект Скопје 2014, соработници на Диме Спасов и одговорни за омаловажувањето на сиромашните, стечајците и пензионерите.

Дури и самата Мизрахи ги понижи жените на првиот ден од нејзиното назначување, а потоа покажа дека воопшто не знае како функционира работата на Министерството за труд и социјална политика.

Дополнителната заменичка министерка за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска со години шири лажни вести на прес конференции од белиот дворец, а учествуваше и на партиските протести пред судот кога бранеше криминалци од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило, тоа е истата партија на Никола Груевски, истата началничка и режимска политика, а тоа граѓаните ќе го казнат на 12 април. Режим никогаш повеќе!“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела