СДСМ: Јакимовски ја направи општина Карпош рекордер во долгови

Од:

„Под секое човеково и професионално достоинство се судските тужби на Стевчо Јакимовски во коишто се жали дека пресовите на СДСМ за спортските гаќи влијаеле на катастрофалниот изборен резултат на неговата партија ГРОМ за време на изборите.

Непомирлив со изборните резултати, Јакимовски на судот му испратил дури и графикони со споредби на неговите рејтинзи, за чиј вртоглав пад му се виновни пресовите за тендерите од 120.000 евра за спортски гаќи, што ги држеше координаторката на пратеничката на СДСМ, Магдалена Несторовска.

Стевчо Јакимовски ја направи општина Карпош рекордер во долгови од околу неверојатни 9 милиони евра, поради што се доцни со плати и паушали, како и со реализација на Програмата за развој на општината.

Јакимовски се радува дека е златна акција во Парламентот на Никола Груевски.

Го упатуваме тука да ја насочи својата анализа за загубата на последните избори, коишто му покажаа каде му е местото“, се вели во соопштението на СДСМ.

4s. 5 6

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски