СДСМ ја почнува кампањата од Битола, ВМРО-ДПНЕ од Охрид

Од:

Партиите, коалициите и независните кандидати кои ќе учествуваат на локалните избори што треба да се одржат на 15 октомври годинава, денеска ја почнаа 20-дневната изборна кампања.

СДСМ и коалициските партнери кампањата под слоганот „Живот во Македонија“ ја стартуваат вечер со митинзи во Демир Хисар (17:30), Ресен (19:30) и Битола (20:30).

Изборниот карван на ВМРО-ДПМНЕ под слоганот „Новата ера почнува“, пак, тргнува од Охрид (19:00).

Своите кандидати за локалните избори, вчера на конвенции ги претставија ДУИ во Скопје, БЕСА во Тетово, а Алијансата за Албанците во Гостивар.

Кампањата за првиот изборен круг завршува на 13 октомври во 24 часот.

Вчера кандидатите за градоначаници потпишаа Кодекс за фер и демократски избори. Синхоронизирано на различни локации Кодексот го потпишаа и кандидатите за градоначалници во сите општини во Скопје и во целата држава.

Со овој Кодекс учесниците на локалните избори се обврзуваат и си ветуваат еден на друг, но и на сите граѓани на РМ, дека ќе се придржуваат и активно ќе го промовираат овој Кодекс, дека ќе ги почитуваат сите закони, правила и прописи на РМ, кои се релевантни за изборите и ќе го почитуваат владеењето на правото при организирањето и спроведувањето на изборите.

Шестите локални избори во Македонија се закажани за 15 октомври, а ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје. Изборната кампања ќе почне на 25 септември на полноќ и ќе заврши на 13 октомври. Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27 октомври во 24 часот.

Би можело да ве интересира

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат