ВИДЕО: СДСМ ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ за блокирање на законот за одбрана

Од:

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митровски денеска ги обвини пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека го блокираат носењето на законот за одбрана на, како што рече, крајно лицемерен начин и на штета на државата и членството во НАТО.

Претходно, пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ информираше дека поднела измени на Законот за одбрана, но без членот што се однесува на промена на името на Армијата.

Според Митровски, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструктивните политики кои се на штета на граѓаните на Република Северна Македонија.

– Со своето однесување ВМРО-ДПМНЕ го крши Уставот на државата и го става под ризик нашето членство во НАТО и создава ризик да испровоцира ново вето од Грција, обвини координаторот на пратеничката група на СДСМ.

Лицемерно е, додава тој, на Мицкоски и на пратениците да им пречи името Република Северна Македонија кога државата треба да стане 30. членка на НАТО, а да не им пречи кога во Европската народна партија се партија од Република Северна Македонија.

Митровски ги повика пратениците од опозициската партија да го поддржат законот за одбрана и да ги прекинат, како што кажа, политиканските лицемерни игри.

– Уставното име на нашата држава е Република Северна Македонија. Преспанскиот договор и уставните измени се клучен елемент во процесот на нашето зачленување во НАТО, без Договорот нема НАТО, тврди Митровски.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела