СДСМ: Извршителот Мицкоски може да презентира мерки само за обнова на режим, поскапување струја, изолација и Белизе оф шор криминални шеми

Од:

„Извршителот на осудениот криминалец Никола Груевски, може да презентира мерки само за обнова на режим, поскапување струја, изолација и Белизе оф шор криминални шеми.

Режимот ги осиромаши граѓаните и фирмите а во бомбите се слушна целата вистина за „пиштење вриштење“ хајките и казните кои ВМРО-ДПМНЕ ги спроведуваше за затворање на голем број фирми.

Најнеуспешниот директор на ЕСМ на сите времиња, извршителот Мицкоски, има најлош резултат во енергетиката а струјата ја поскапе за 100%“, реагираат од СДСМ на изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Денеска, бизнисот живее, нема веќе пиштење вриштење, секој работи без притисоци и слободно се натпреварува на пазарот а фирмите добиваат силна поддршка од државата.

Од -1,8% во времето на криминалната ВМРО-ДПМНЕ економијата сега со СДСМ има раст на економијата до +4.1%

Со поддршка од 50 милиони евра за компаниите СДСМ за само 2,5 години отвори три пати повеќе работи места од ВМОР-ДПМНЕ која потроши 250 милиони евра.

Според Индексот на економски слободи за 2019, објавен од фондацијата „Херитиџ“ нашата држава е најслободна економија во регионот рангирана на 33. место во светот според индексот на економски слободи.

Извршителот Мицкоски знае само да поскапува струја и да прави штета на државата. Затоа го очекува пораз на 12 април!“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ