• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Извештајот на ГРЕКО го опфаќа незаконието со кое владееше Груевски

by А1он27/06/2019 - 14:53171
Share0

„Безобразлук е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за режим. ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски го создадое режимот кој граѓаните го победија. ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на корупција, непотизам, наместени тендери, заташкани убиства, уцени и закани нема никаков кредибилитет да зборува за извештајот на ГРЕКО.

Добивај вести на вибер

Токму последниот извештај на ГРЕКО посочува примери на корупција, кршење на човековите права, се посочува дека поранешниот премиер Никола Груевски е под истрага за нелегално финансирање на партијата.

Неправилностите на кои се повикува Извештајот се однесуваат на 2017 година и порано, односно директно во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

За разлика од расипничкото и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ, денес се постапува по препораките на ГРЕКО, постојано се реализираат реформи, се враќа довербата во институциите, транспарентноста и отчетноста се на високо ниво.

Наместо да шират лаги, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го прочитаат убаво Извештајот и да погледнат кон себе, изобилуваат со криминал, ништо не се менува кај нив, се уште штитат осуденици и криминалци.

Денес, институциите функционираат професионално и пред се транспарентно. Граѓаните и јавноста имаат увид во работењето. Времето кога институциите се злоупотребуваа за партиски интереси заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Од заробена држава денеска сме светол пример“, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поддршка за протестот на работниците, платите за време на СДСМ драстично пораснаа

Горан Наумовски28/01/2026 - 11:07

СДСМ: Мицкоски, ги применува истите тие правила на својот учител Груевски

Горан Наумовски28/01/2026 - 11:0128/01/2026 - 11:07

СДСМ: Го поддржуваме протестот и барањата на работниците

Горан Наумовски27/01/2026 - 19:2427/01/2026 - 19:50

Нелоски: Татко ми има право на приватен бизнис, фирмата никогаш не добила тендер

Катерина Ѓуровски27/01/2026 - 14:14

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Катерина Ѓуровски27/01/2026 - 12:25

ВИДЕО: Тендерската мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски27/01/2026 - 11:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен