СДСМ: изградивме и реконструиравм 69 градинки за пет години

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со ниту една лага не може да ја прикрие неспособноста на своите градоначалници, кои не работат ништо, освен што ги расфрлаат народните пари, ги партизираат општините и ја манипулираат јавноста. ВМРО-ДПМНЕ неодамна излажа дека нивните градоначалници за 100 дена изградиле 33 градинки. Потоа сфатија дека претерале со лагите, па излезе дека тоа се само планирани проекти се вели во реакцијата од СДСМ на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за состојбата со градинките во Скопје.

– Но вистината е дека за пет години Владата предводена од СДСМ изгради и реконструираше 69 објекти на детски градинки со опфат за околу 4.300 деца, нови објекти или доградба на посточеки капацитети има во секоја скопска општина. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се толку неспособни што не можат да пуштат во употреба веќе изградени градинки од Владата предводена од СДСМ. Една од нив е и онаа во општина Ѓорче Петров, најмодерната градинка во Волково со капацитет од 175 деца која градоначалникот Александар Стојкоски шест месеци не ја пушта во употреба. Граѓаните не им дадоа доверба на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ за овие да бараат оправдувања, туку да решаваат проблеми. Наместо да се жалат додека народните пари ги крчмат на партиски вработувања и непродуктивни трошоци, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да почнат да работат за граѓаните кои ги плаќаат се вели во реакцијата од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ