СДСМ: Изборите ќе се во 2024 година, Мицкоски да се откаже од блокадите

Од:

Сега, откако темата за парламентарните избори е затворено прашање до 2024 година, Мицкоски треба да се откаже од натамошни блокади и опструкции, побараа од СДСМ.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ треба да покажат одговорност и конструктивност, законските решенија за граѓаните и помош во време на криза да бидат усвоени.

Примери низ светот има бројни, во време на глобална криза, опозицијата и власта треба заедно да работат во интерес на граѓаните а не опозицијата да блокира, да кочи и опструира. Тоа го нема никаде освен кај ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа повикуваме на разум, ВМРО-ДПМНЕ сега треба да покаже конструктивност, да почне да работи за интересите на граѓаните, наместо за личните амбиции на Мицкоски.

Граѓаните во овој чувствителен период од сите политички субјекти со право очекуваат одговорност, работа и посветеност во надминување на последиците од глобалната криза.

Впрочем оваа порака граѓаните му ја испратија директно на Христијан Мицкоски со дебаклот на митингот и слабиот одѕив.

Јасна е пораката на граѓаните до Мицкоски: не сакаат блокади и опструкции туку очекуваат одговорност од сите партии.

Граѓаните се против блокади и деструкции и очекуваат решенија за проблемите предизвикани од светската економска криза.

Таа порака Мицкоски мора да ја прими да постапи во интерес на граѓаните а не да води инает, рекоа од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива

Мицкоски се сретна со Пленковиќ – регионалната соработка и европската перспектива во фокусот на разговорите

А1он

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Мицкоски на конгрес на Европската народна партија

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски