СДСМ: Испливува на површина криминалот на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Граѓаните секојдневно сведочат за незаконското работење на кадрите на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Последен доказ за тоа е кривичната пријава против блискиот соработник на Груевски, Миле Јанакиески, кој е првообвинет за нелегална продажба на државни станови.

Со кривичната пријава против Јанакиески, пресудите против градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески и Александар Панов, како и кривичните пријави и обвиненија против Христијан Делев и Владимир Талевски, на површина испливуваат криминалите на соработниците на Груевски.

Овие предмети се мал доказ дека криминалното работење во ВМРО-ДПМНЕ било присутно на секое ниво. Затоа ВМРО-ДПМНЕ правеше секакви деструкции и блокади во Собранието за да ја спречи смената на нивниот заштитник Марко Зврлевски.

Залудни беа обидите на ВМРО-ДПМНЕ да го заштитат Зврлевски и со тоа да се спасат од одговорноста. Залудни ќе бидат и обидите да ги спречат реформите во судството што носат независен и професионален судски систем и правда за сите. Македонија станува правна држава и секој кој го прекршил законот ќе мора да сноси одговорност“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он