СДСМ инсистира на преодна Влада без Груевски

Од:

Во договорот што го потпишаа четворицата политички лидери, јасно е дефиниран транзицискиот период кој треба да финишира со предвремени парламентарни избори во април 2016, изјави за Телма претседателот на СДСМ Зоран Заев, известува Телма.

– Во тоа што го ставивме на хартија, дефинирано е дека на 10 јуни партиите преземаат обврска да договорат организација на Влада која ќе подготви и спроведе избори, како и други квалитетни работи. Но, јас не можам да бидам среќен со тоа што е постигнато, иако имам големи причини за тоа, бидејќи ова е договор: земи се или остави се. Ако нема договор за преодна Влада, не важи ниту договорот за избор ниту за другите корективи, како што се поглавјата 23 и 24 – рече Заев.

Во преодната Влада нема место за Груевски, објаснува Заев.

– Не може врвот на криминалот и корупцијата, што ние го покажавме, го разголивме пред целата домашна и меѓународна јавност, тој е командант на проблемите, сега тој да биде решение на проблемите. Тоа е лажовно и така нема да успееме – вели лидерот на СДСМ.

Иако на 10 јуни во Брисел на Груевски и Заев им претстои разговор на најтешката тема, лидерот на СДСМ верува дека решение е можно. Инсистира на преодна Влада без Груевски и Заев, па дури и без политичари.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ