СДСМ: Имаме план како да се спротивстави на блокадите од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Бесрамните најави на Мицкоски за засилени блокади е најнеодговорно однесување во време на најголемата економска и енергетска криза после Втората светска војна, кога Собранието треба да носи брзи и ефикасни решенија за граѓаните“, соопшти СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ во Собранието блокира неколку десетици закони во интерес на граѓаните, меѓу кои и Законот за Клиничкиот центар, Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, Законот за службата во Армијата.

Блокадите, деструкциите на штета на граѓаните е однесување коешто континуирано ја отсликува политиката на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ, парламентарното мнозинство, досега наоѓале начин за надминување на блокадите, така ќе биде и сега.

СДСМ заедно со граѓаните нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски заради лични и партиски интереси да ја држат државата во заложништво.

Имаме план како да се справиме со блокадите и потребните законски измени да бидат донесени во интерес на граѓаните и државата“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема